Времето утрово е облачно и студено во поголемиот дел од земјава со врнежи од снег со слаб, а во мавровскиот регион со умерен интензитет. Најстудено утрово е во Лазарополе, Крушево и Маврово со – 10 степени, а најмногу снег 74 сантиметри има во Маврово.
Врнежи од снег во југоисточниот дел од земјата нема. Дува умерен повремено засилен северен ветер, особено на повисоките места, штипскиот и скопскиот регион.
Минималните температури се движеа од -9 Ѓуриште, -8 Тополчани, -7 Пожаране, -6 Скопје Зајчев Рид, Куманово, Кр. Паланка, -5 Претор, Прилеп, Берово, Скопје Петровец, Тетово и Штип, -4 Битола, Виница, Охрид, -3 Демир Капија, -2 Струмица, -1 Дојран, 0 Гевгелија.
Снежната покривка се движи од 6 сантиметри во Дојран, 8 Претор, 10 Виница, 11 Д. Капија, 12 Струмица, 14 Прилеп, 17 Штип, 18 Скопје Петровец, Куманово, 20 Охрид, 21 Битола, 23 Крушево, Берово, 25 Тополчани, 26 Кр. Паланка, 27 Ѓуриште, 40 Тетово, 52 Лазарополе, 65 Пожаране до 74 во Маврово.
Во текот на денот времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег со послаб интензитет, особено претпладне. Ќе дува силен северен ветер. Можна е појава на снежни навеви. Дневната температура ќе се движи од -10 до -3 степени.