По 14-ти пат во Прилеп се одржа општинската манифестација „Вешта жена„ на која беа прзентирани пет уникатни декорации на јадења, изработени на различни теми од пет учеснички и една гранд – при натпреварувачка, Мирјана Димитриеска, која по тригодишна пауза,според правилата на манифестацијата, повторно се вклучува како натпреварувач. “Тутун“,“Бавча“,„Машина за шиење“,„Собата на баба“ ,беа дел од темите на гурманските специјалитети кои беа презенитрани од вештите раце на Прилепчанки.
– Напреварот се состои од неколку дисциплини: вкус и декорација на главното јадење, декорација на салфети, изготвување на икебана, декорација на десерт и општ впечаток на целата декорирана маса, кој ја отценува стручно жири, но и сите гости на вечерта. Најдобрата поединка ќе биде дел од републичката манифестација „Вешта жена“ ,која завршува во Лешок – вели претседателот на “Вешта Жена„ од Прилеп, Милка Бошкоска
– Манифестацијата „Вешта жена“ се организира по 25 –ти пат, во 23 градови на Македонија и завршува со Републичката манифестација на која учестуваат победничките од сите градови- учесници. Манифестацијата има за цел да го негува наследството во готвење традиционални јадења и претставува можност на едно место да се соберат жени од различна возраст, национална и верска припадност – вели Снежана Стојановска, организатор на Републичката манифесација „Вешта жена“.
Манифестацијата „Вешта жена“ во Прилеп ја посетиа 450 жени, кои уживаа во декорациите на натпреварувачките, како и во одличната забава. Инаку, манифестацијата “Вешта жена“ датира од 1992 година, која започна како општински натпревар во Тетово, за потоа да се прошири и во другите градови на Македонија.