Скандал од невидени размери го тресе фестивалот на пивото и скарата во Прилеп. Владата ја вметна својата музичка програма за прослава на условните препораки од ЕУ и НАТО во фестивалската програма?
Покрај за скапите балкански и домашни ѕвезди, граѓаните ќе плаќаат и за групата “5+” која е најавена за вечерашната прослава на владата.
Ова е потврдено и со програмата објавена на Фејсбук страната на “Пивофест”, каде пред настапите на Фортисимо, Некст Тајм, Џенан Лончаревиќ и Жељко Јоксимовиќ за вечерва, ќе настапи и групата “5+”.
Дали политиката навлезе во сите пори на општеството? Дали некој ќе сноси одговорност за ова?
Прилепчани дури раширија и флаер по социјалните мрежи на кој пишува бојкот за најавената прослава на владата.