НАТО даде одобрение за соборување руски авиони

nato_thumb_medium500_250

Пилотите на НАТО, меѓу кои и припадниците на британското воено воздухопловство кои управуваат со повеќенаменските ловци „Торнадо“ добија дозвола во воздушниот простор на Ирак да соборуваат руски авиони, доколку ги нападнат или доколку се најдат во животна опасност.

Ова го објави Daily Star Sunday, повикувајќи се на извори во одбраната на Обединетото Кралство.

Истовремено, британските пилоти добија упатство по секоја цена да избегнуваат контакт со руските ловци, пренесува весникот.

Авионите „Торнадо“ дополнително ќе бидат опремени со ракети воздух-воздух. Тие добија дозвола да ги напаѓаат непријателските руски авиони, се наведува во написот.

„Овој потег е преземен откако британските министри предупредија дека ситуацијата на Блискиот исток стана премногу опасна поради потезите на Русија, тврди британскиот весник.

Извор од британскиот одбранбен ресор тврди дека е “прашање на време кога британските авиони ќе се најдат во борба со руските авиони“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.