Наташа Тодоровска и Аница Б. Златеска се “Просветни работници на годината” од Битола (ФОТО)

Наташа Тодоровска- наставник по одделенска настава во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола и Аница Б. Златевска- психолог во ОУ „Коле Канински“ во Битола, кои беа меѓу просветните работници кои добија признание од Министерството за образование и наука и Сојузот на просветни работници, имаа прием кај градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Градоначалникот Коњановски им честиташе за признанијата „Просветен работник на годината“ за учебната 2024/2025 година, кои претставуваат чин на јавно признание, но и симбол на поширока заложба за градење општество кое активно ја поддржува и вреднува улогата на воспитувачите, наставниците и стручните соработници.

Инаку по повод 5 Октомври – Светскиот ден на учителите Министерството за образование и наука ја започна кампања за истакнување на нивната незаменлива улога во општеството и поголема почит од заедницата во рамките на кампањата „Магијата е во знаењето“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.