Настапот на летото во Прилеп го имаше Алекса Петрески: Цел град во еден глас заедно со него, ги пееше песните на единствениот Тоше Проески (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Во Прилеп летово е највесело во четврток, а за тоа се погрижија од локалната самоуправа преку поддршка на проектот “Од 0 до култура”. Повеќемина изведувачи и групи досега настапија на камената бина на плоштадот “Александрија” со свои настапи во чест на домашни и странски изведувачи.

Но, најмногу народ да собере на едно место се чини му успеа на младиот вокал Алекса Петрески, кој во четвртокот настапи со свој “трибјут” за Тоше Проески.

Стотици прилепчани, од најмладо до најстаро, заедно со Алекса ги пееја сите најголеми хитови на нашиот ангел. Но, најбројни беа најмалите, кои беше убаво да се видат распеани и насмеани.

Одличниот вокал на Петрески беше надополнет со клавијатурите на Дејан Трајкоски, тапаните на Филип Јездиќ, гитарата на Христијан Ристески и бас гитарата на Емануел Петрески.

Ви пренесуваме дел од атмосферата пред камена бина низ фотографии:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.