Под мотото „Амбасада на вештината“ во четврток 20 април од 19 часот во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт на класична музика на кој ќе настапат младите врвни музичари од Русија Алексеј Мелников (пијано) и Владимир Устјанцев (саксофон) кои ќе изведат дела од Бетовен, Шопен, Франк, Гершвин….
,,Амбасадата на вештината,, е оригинален проект на Санктпетерсбуршката куќа на музиката и фондот Руска соработка кој се одржува од 2012 година и кој вклучува патување на младите солисти од рускиот центар за наука и култура во странство. Лани одржале 60 концерти во 22 држави. Концертот го реализираат Министерството за култура и Амбасадата на Руската федерација во Македонија.
Санктпетерсбуршката куќа на музиката е основана по иницијатива на Министерството за култура на Руската Федерација за развој на класичната музичка уметност, зачувување на традиционалните изведувања (перформанси) и подготовка на млади руски музичари за меѓународни натпревари и фестивали.
Пијанистот Мелников бил лауреат на многу меѓународни натпревари, а саксафонистот Устјанцев е добитник на високи признанија на врвни светски натпревари.