„Перничињата на мама“ е етно изложбата што денес беше отворена во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“- Прилеп. Презентирани се педесетина домашни ракотворби – перничиња, изработени од прилепчанки низ годините, кои се дел од домашните оставнини.
Уникатната изложба, на чи отвоерање присуствуваше градоначалникот Борче Јовчески, ја отвори етнологот Александар Цветкоски, кој посочи дека е многу убава идејата да се презентира традицијата.
Изложбата ја реализира активот на жени пензионерки при Здружението на инвалидски пензионери на Прилеп.
-Секој од нас како мал на почетокот своите први соништа ги имавме отсонувано на маминото перниче, направено своерачно од нашите мајки. Па затоа сакавме да ја пренесиме таа традиција, по повод Осми март, денот на жената – изјави Кирил Ристески, претседател на Здружението на инвалидски пензионери – Прилеп.
За најубавите и автентични перничиња беа доделени три награди. Изложбата псоетителите ќе можат да ја разгледаат во наредните два дена.