НАСКОРО ЌЕ СЕ ЗНАЕ СОСТАВОТ НА ВЛАДАТА: Од утре до следната недела интензивни преговори за нова Влада!

Основа во разговорите за формирање влада за интегративците е платформата што ја договорија заедно премиерот на Албанија, Еди Рама. Во неа има барања кои за ВМРО-ДПМНЕ се апсолутно неприфатливи, како што е двојазичноста и продолжувањето на мандатот на Специјалното јавно обвинителство. Од ВМРО-ДПМНЕ се децидни дека за овие две прашања нема да преговора дури и по цена да не бидат во владата

vlada-640x294

Интензивни преговори за формирање на новата Влада почнуваат веќе од понеделник. Се очекува лидерите на партиите со најмногу освоени мандати од албанскиот и македонскиот блок, Никола Груевски и Али Ахмети, повторно да седнат на заедничка маса откако пред два дена двајцата лидери разменија мислења за актуелната политичка ситуација по изборите и за претстојните предизвици на тој план. Средбата во средата беше прва средба на Груевски и Ахмети откако претседателот Иванов мандатот му го додели на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како лидер на партијата која освои најголем број пратенички мандати.

Принципот на коалицирање на двете победнички партии беше воспоставен со изборите во 2008 откако предходно се постигна таканаречениот мајски договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Неодамна во интервјуто за Дневник лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, потсети на настаните кои му претходеа на договорот и потенцираше дека доколку овој пат се прекрши договореното ништо нема да ја обврзува неговата партија во иднина да коалицира со победничката албанска партија.
Основа во разговорите за формирање влада за интегративците е платформата која ја договорија заедно премиерот на Албанија, Еди Рама.

Во неа има барања кои за ВМРО-ДПМНЕ се апсолутно неприфатливи, како што е двојазичноста и продолжувањето на мандатот на Специјалното јавно обвинителство. Од ВМРО-ДПМНЕ се децидни дека за овие две прашања нема да преговора дури и по цена да не бидат во владата.

На седница на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој се одржа во четвртокот, членовите се задржале и на преговорите за формирање Влада.
“Извршниот комитет ја разгледа и актуелната дневно политичка состојба во контекст на преговорите за формирање Влада и ја реафирмираше поддршката за претседателот Никола Груевски да продолжи со активностите во таа насока бидејќи волјата на граѓаните е императив#, се вели во соопштението до јавноста што го испрати партијата по одржаната седница.

За разлика од јасниот став на ВМРО-ДПМНЕ, од СДСМ се уште се немаат изјаснето дали за нив се прифатливи барањата на Албанците. Досега не се изјасниле дека за нив има нешто спорно во условите што ги постави Ахмети и дека двојазичноста и федерализацијата се прифатливи. Истовремено, двојазична Македонија беше ветување на Заев во предизборната кампања.

По средбата со Никола Груевски, Али Ахмети испи кафе и со лидерот на СДСМ Зоран Заев. Извори од Мала Речица за медиумите брифираат дека средбата е опипување на пулсот на Заев од страна на Ахмети за нивните услови.
На средбата начелно се разговарало за ставовите на двете страни коишто ги застапуваат во овој период, без, како што се вели во партиските соопштенија навлегување во детали или разговори за одделни конкретни прашања.

Рокот до кога треба мандатарот Никола Груевски да договори парламентарно мнозинство е 29 јануари. Се очекува деновиве да се интензивираат средбите меѓу досегашните коалициски партнери, но неизвесно е дали ќе дојде до договор ако се знаат позициите на двете страни.

Извор: infomax.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.