Патот кој води од Прилеп до населеното место Волково наскоро ќе добие асфалт во должина од 3.800 метри. Во тек се подготовките на овој инфраструктурен зафат, посочи градоначалникот Марјан Ристески во изјава дадена за локалното население. Градоначалникот Ристески во изјавата посочи дека и жители од населеното место Големо Коњари, исто така ќе добијат асфалт на две улици во должина од 700 метри. Овие два проекти ќе бидат реализирани преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2015 година. Со нивна реализаија, која е од суштинско значење за стопанството ќе се подобри и квалитетот на животот на граѓаните.