Бранко Станојковски е кумановец кој живее во Казахстан. Тој со неговиот бенд “Yorkers Live-Band” ја шири македонската песна и култура дури и во оваа далечна земја на истокот.
Бранко со неговата сопруга Ана, која е од Казахстан, живеат во најголемиот град во оваа земја Алмати.
Последната свирка на Станојковски со неговиот бенд била во некој локал во центарот на Алмати, а на социјалните мрежи ја пренесоа други двајца Македонци кои со мотор го обиколуваат светот.
Се работи за Силвана и Антон Митреви кои на нивната тура околу светот моментално се наоѓаат во Казахстан.
Станојковски со својот бенд, кој според описот на видеото е составен од музичари од четири различни држави, ја изведуваат песната “Пушти коси” од групата “Зијан”.
Уживајте: