Денес четврт ден по ред низ градските улици во Прилеп ќе протече народ. Илјадници прилепчани одново со почеток од 18 часот, пред споменикот “Прилепски бранители” кај хотел “Липа”, ќе се соберат и ќе маршираат против урнисувањето на унитарноста на државата.
Изминатите денови мирните протести на граѓаните на градот херој допреа до секое срце, до секој чесен Македонец кој си ја сака татковината, ги поттикнаа сите, и млади и стари, интелектуалци, професори, доктори, актери, уметници, студенти и средношколци, да излезат и да ја кренат главата, да се спротивстават на газењето на честа на Македонецот.
Протестите, кои се едни од најмасовните во државата протекуваат во патриотска атмосфера, во сплотеност и со многу емоција и љубов кон државата.
За разлика од ова што деновиве се случува во Прилеп, прилепчани не така одамна беа сведоци на едни поинакви протести.
Изминатата година, за време на протестите на така наречената “шарена револуција”, предводена од СДСМ, граѓаните беа сведок на уништување на општествениот имот, на нагрдување и вандализирање на она што го краси градот, она што е во сопственост на сите.
Протестите на “шарената револуција” тогаш ги згрозија прилепчани, наидоа на негирање и критика, целосно ја уништија фасадата на новата општинска зграда и не наидоа на некаква поддршка.
Уништената општинска зграда сеуште сведочи за тие немили настани, а граѓаните сеуште реагираат, осудувајќи ги ваквите дела со надеж дека нема да се повторат.
Какви беа тогашните протести и какви се денес истите, погледнете низ фотографиите: