Наредниот викенд одново ќе одмараме, следува нов државен празник: Еве уште колку слободни денови има до крајот на годината

Денеска завршува споениот викенд кој го имавме овој викенд во земјава поради големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица, а идниот вторник повторно ќе одмараме.

Следува уште еден државен празник, станува збор за денот на независноста на нашата земја 8 септември.

До крајот на годината остануваат уште четири неработни денови за сите граѓани на нашата земја.

Од нив два се споени викенда, а два се паѓаат во вторник.

За сите граѓани на РМ

8 септември (вторник), Ден на независноста; 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден; 23 октомври (петок), Ден на Македонската револуционерна борба; 8 декември (вторник), Св. Климент Охридски;

За граѓаните од католичка вероисповед

1 ноември (недела), Празникот на сите светци; 25 декември (петок), првиот ден на Божиќ; За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 ноември (недела), Ден на албанската азбука;

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

28 септември (понеделник), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур;

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците;

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 декември (понеделник), Ден на наставата на турски јазик.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.