На празникот Св. Петка во прекрасниот храм Св. Никола во Крушево, се одржа Вечерна богослужба во спомен на патронот на нашата Македонска Православна Црква – ОА, Свети Климент Охридски.
После Вечерната богослужба, со моштите на светителот низ улиците на Крушево се одржа и свечена Литија.
Голем број верници учествуваа во литијата и се поклонија пред моштите на светиот Климент Охридски!
Литијата започна од храмот Св. Никола и се одвиваше по главната улица на Крушево и повторно назад до храмот.
Еден прекрасен настан кој зрачеше со љубов, радост и топлина.
Видеото во продолжение е дело на “VELE PRODUCTION”