Направија крст во замрзнатите води на езерцето кај Плетвар и на посебен начин го одбележаа празникот Богојавление – Водици (Фото)

Триесетина спортисти и ентузијасти од Прилеп на посебен начин изминатите две години го одбележаа празникот Богојавление – Водици во замрзаното езерце кај Плетвар.

Празникот со капење во водите на езерцето ќе се одбележи и оваа година со почеток од 10 часот.

Во замрзнатите води на езерцето минатата година беше формиран крст, а учесниците не се фрлаа по светиот крст, туку симболично влегуваа во водата.

Организаторите се недеваат дека овој настан ќе биде традиција и во наредните години и ќе има се повеќе заинтересирани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.