Секторот за внатрешни работи Битола-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и Отсекот за општ криминал при СВР Битола до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против С.А(33),Ф.Е(40),Д.К(19) и Џ.А(30) сите од Прилеп, осомничени дека сториле кривични дела тешка кражба.
Имено, пријавените од декември 2021 година до март 2022 извршиле 32 тешки кражби во куќи, цркви, колонијални продавници, трафостаници на подрачјето на Прилеп и селата Костинци, Слепче, Веселчани, Алинци, Лопатица, Вранче, Заполжани и Стровија, при што насилно ги отварале со подесен алат и одземале разни бакарни предмети, покуќнина, рачен алат, кабли, гуми, електрични апарати, пари…