По повод 22 Февруари – Денот на извидниците, Извидничкиот одред „Феникс“ од Прилеп и годинава ја организира традиционалната крводарителска акција под мотото „Направи добро дело“.
Акцијата ќе се реализира во Одделението за трансфузиологија при ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ – Прилеп, во периодот од 9 до 13 часот.
Крводарителската акција се организира во чест на основачот на извидништвото, Лорд Роберт Баден-Пауел, и претставува хуман гест кој со години го негува извидничкото движење.
Право на учество имаат сите хумани граѓани постари од 18 години, а при дарувањето на крв задолжително е да понесат лична карта.
























