Виното од жалфија го зајакнува организмот и делува како природен лек за потенција. Овај напиток се добива кога во 2 литри домашно квалитетно вино се ставаат 30 грама жалфија и 70 грама рузмарин па сето тоа се загрева неколку минути.
Кога виното ќе се олади, додадете 30 грама мед. Потоа промешајте и турете во мала стаклена чаша. Се пие по една мала ракиена чаша пред јадење.
За употребата на природни лекови задолжително консултирајте се со лекар.