Девојките на ЖРК Прилеп веќе две недели со зголемен интензитет напорно се подготвуваат за продолжување на пролетниот дел од сезоната, кој започнува на 25/26 февруари. Тренинзите се одвиваат комбинирано во сала и теретана. Во почетната фаза се работеше на физичката подготовка, а сега се работи на тактичката спремност на девојките.
Екипата е истата што ја заврши есенската полусезона, со едно ново засилување на десната крилна позиција, каде ќе настапува стружанката Ангела Јанкулоска.
Женската екипа и оваа полусезона добива максимална поддршка од генералниот спонзор “Витаминка”- Прилеп, со кого го продолжува договорот.
Амбициозната екипа на ЖРК Прилеп, првата полусезона ја заврши на четвртото место на табелата со 5 триумфи и 7 порази.