“Наместо оставка за партиските списоци во градинките, директорот засадува јаготки?? Што значат шифрите: ТЕНДЕРИ, ЗАТВОР, УЈП, МИЛЕ, ВАЛЕНТИН??”

Наместо конкретен одговор за скандалот со списоците во детските градинки во Прилеп, директорот на ЈОУДГ “Наша Иднина”, Орце Тодорвски, започнал проект за засадување на дрвца и јагоди во дворовите на градинките.

Имено, изминатата недела во јавност излегоа списоците со примени деца во оваа институција во Прилеп, а во нив во графата “мајка” стојат имиња кои се повторуваат по неколку пати и потсетуваат на имињата на повеќе истакнати функционери од ОО СДСМ Прилеп.

(ФОТО) СКАНДАЛ ВО ПРИЛЕПСКИТЕ ГРАДИНКИ: ”Како политички се сместуваат децата во градинките, а Министерката молчи??”

Mинатата недела за време на отварањето на новата детска градинка во ООУ “Рампо Левката”, на прашање од дописникот за “ТВ Сител” околу овој скандал, одговорот на директорот беше:

„Ние имаме листа од 500 деца кои стојат јавно, секој може да ги види и на тоа пишува име и телефонски број и секој од родителите кога ќе дојде толку што е среќен дека ќе му биде детето примено во градинка го грешава бројот и ние за да го знаеме кој е го пишуваме името“, изјави Орце Тодороски, в.д. директор на градинки „Наша Иднина“.

Реакциите на јавноста не стивнаа, па граѓаните после ваквиот одговор прашуваат дали сите деца имаат родители по име Валентин, Миле, Ирена или имаат родител по име “тендери”….?!

Деновиве вријат и социјалните мрежи. Се бара оставка од Тодоровски и одговори од градоначалникот Јованоски и министерката Царовска.

И покрај тоа, наместо срамот малку да преовлада, Тодороски денеска пред камерите се пофали со “големо вложување” во подобрувањето на условите за децата во градинките. Децата од мали ќе ги запознавале со земјоделското производство…, а за шифрите и значењето во списоците, јавноста очигледно ќе почека на вистински одговор.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.