Наместо на Тик-Ток, битолчанчиња на асфалт играат ракомет: Еве зошто Битола е најракометен град во Македонија (Видео)

Битола го заслужува епитетот ракометен град – Реваз Чантурија открива зошто.

„Еве зошто Македонија има најдобри ракометари/ки! Наместо Тик-Ток се игра ракомет на асфалт“, ова го напиша ракометарот Реваз Чантурија, грузиски репрезентативец кој моментално игра за РК Прилеп.

Видеото е снимано во дворот на училиштето „Коле Канински“ во Битола, каде теренот многу често се користи од страна на децата. Ракометот отсекогаш бил и ќе биде спорт број еден во Битола, а токму овие снимки го покажуваат тоа – пишува порталот “Шеталиште”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.