Наместо да легне на операција, докторка со скршено стапало oтишла да оперира – ова видео го споделува целиот Балкан

Докторка од Клиничкиот центар во Белград стана интернет-хериоина благодарение на својата лудост, но пред сè, посветеност кон работата. Даница Груичиќ тргнала да оперира пациент, иако и самата во тој момент била пациент подготвен за интервенција.

Ниту скршеното стапало не ја спречило Груичиќ да работи.

Пациентите се во многу покритична состојба од мене, мојата нога не е тема на разговор, рекла таа за Блиц.

Јасно ви е зошто Груичиќ е хероината на месецот во регионот.

Даница Груичиќ е началничка на Одделението за неврохирургија на Клиничкиот центар на Србија и редовен професор на Медицинскиот факултет во Белград.

Видеото погледнете го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.