СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Л.(32) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
Таа, во својство на одговорно лице во маркет во Охрид, подолг период противправно присвојувала парични средства – сопственост на правниот субјект кои ѝ биле доверени за работа.
Со тоа, според финансиската документација приложена од сопственикот на правниот субјект, пријавената предизвикала материјална штета од 1.182.022 денари.