Владата денеска на седница ќе ги разгледа предлозите на Комисијата за заразни болecти и на Главниот штаб. Комисијата за зapaзни болecти реши да и препорача на Владата нов пакет рестриктивни мерки за период од 18 декември до 21 јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од Koвид-19 во претстојниот период на празници. Се предлага угостителските објекти да се затвораат во 18 часот, наместо во 21 часот и да нема групирања дома и на отворено.
Препораките за рестриктивни мерки се насочени на реорганизација на работното време на угостителите, препораки за јавни собири, препораки до верските заедници, до работните организации и препораки кои се однесуваат на работата на рестораните во хотелските објекти.
Според анализите на Министерството за здравство, претходните мерки веќе даваат резултати, а репродукцискиот број (R0) или факторот на репродукција, кој на почетокот на ноември беше 1,5, сега е под 1, поточно 0,95.
Вчера беа забележани нови 213 случаи на зapaзени си кopoнавиpycoт од направени 741 тестирања, 26 починати и 632 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 73851, бројката на оздравени пациенти е 50046, на починати е 2147, а бројот на активни случаи изнесува 21658.Најмногу активни има во Скопје – 11307, следи Тетово – 976, Прилеп – 893, Битола – 843.