Нада во седмиот месец од бременоста победи на Олимписките игри: Ова е најубавата приказна од Олимписките игри во Париз

Египетската натпреварувачка во мечување, Нада Хафез (26), оствари чудесен резултат – победи на Олимписките игри во седми месец од бременоста. Верувале или не, оваа храбра идна мајка дојде на Олимписките игри на неколку недели од датумот предвиден за породување и не отстапи од својот олимписки сон. На третиот ден од натпреварувањето, таа победи над Американката, Елизаберт Тарковски со резултат 15:13, а потоа загуби од Корејката, Јеон Хајоунг.

“Олимпијка во седмиот месец од бременоста”, напиша таа на Инстаграм во објава која пробуди многу емоции.

“Што се случува кога на подиумот се двајца натпреварувачи, односно тројца. Јас и моето бебе поминавме низ бројни предизвици, физички и емоционални. Ролеркостер бременоста е тешка сама по себе и борбата за одржување на рамнотежа помеѓу животот и спортот беше напорна, колку и да се исплати тоа. Го пишувам ова за да кажам дека сум горда, затоа што го изборив своето место во осминафиналето. Среќна сум на поддршката од мојот сопруг и моето семејство, за да дојдам олку далеку. Овие Олимписки игри се малку поразлични. Јас сум трет пат на Олимпијада, но овој пат во себе носам и едeн мал натпреварувач”, напиша таа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.