Повеќе од 300 правници од Србија, Македонија и Балканот учествуваа на првиот Легал бизнис регионален форум што се одржа во Златибор, Србија. Меѓу учесниците имаше 150 директори на правни служби од компании, адвокати, универзитетски професори, судии, нотари и други професионалци во правната професија.
Форумот беше во организација на Српското здружение на корпоративни правници (UKP) и Стопанската комора на Србија, а партнер и поддржувач беше и Македонската асоцијација на корпоративни правници, која што се претстави со посебен панел “Arbitration – renewed perspective for the counsels and their companies in the region”.
Како дел од македонската асоцијација, на форумот учество зеде и Директорот на правни и општи работи – Орде Ѓорѓиоски, претставувајќи ја „Витаминка“.
Правниците, адвокатите, професорите и судиите дискутираа за повеќе важни теми и прашања поврзани со правните аспекти на дигиталното работење, управување со проблематичните побарувања, најважните чекори за усогласување на работењето со правото на конкуренција, правните аспекти на прекуграничното работење, cybersecurity и управување со ризици, complience, правни операции и иднина на правната професија со влијание на inhouse правниците итн. Целта на Форумот беше да се направи стручна анализа на најактуелните теми во работењето, да се стави акцент на најважните теми на денешницата со акцент на новите технологии, да се поттикне регионалната соработка преку размена на искуства со експерти од соседните земји, да се унапредат личните компетенции и да се отворат прашањата за подобрување на положбата на корпоративните правници.