Над 300 играорци се претставија во Прилеп на Регионалните фолклорни смотри

_mg_0087

Во домот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп се одржаа веќе традиционалните Регионални фолклорни смотри на кулктурно уметнички друштва и фолклорни ансамбли од Западна Македонија.

_mg_0089

_mg_0074

На манифестацијата учествуваа 10 ансамбли и друштва и ова беше навистина ретка и прекрасно можност прилепчани да уживаат во убавиот македонски фолклор кој го претставија повеќе од 300 играорци.

_mg_0139

_mg_0179

Домаќин на овој несекојдневен настан беше Културно уметничкото друштво „Мирче Ацев“ од Прилеп, а покрај него пред публиката се претставија и фолклорните друштва од Брвеница, Тетово, Вевчани, Ресен, Битола, Демир Хисар, Кичево и Струга.

_mg_0213

_mg_0225




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.