Над 30.000 посетители на првата фестивалска вечер од „Пиво Фест 2022“ (Фото галерија)

Вчера, со настапите на прилепчаните Елена Петреска, групата Балканика и Ален Хасановиќ започна 18. издание на „Пиво Фест 2022“.

Прилепчани и гостите од другите градови уживаа во изведбите на македонски хитови, развиореното македонско знаме, прилепската скара и ладното пиво.

Штандовите беа преполни со посетители, а забавата која започна во 18 часот, кулминираше со настапот на Џамбо Агушеви оркестра и заврши со забава на алтернативната сцена до раните утрински часови.

Фестивалот покажа дека навистина во изминативе две години и недостасуваше на македонската публика. Тоа го потврдија и бројките на посетеност, на двете сцени во текот на целата вечер.

Првата вечер помина во најдобар ред, без никави проблеми, а сабајлево градот блесна во сиот сјај, подготвен да ги пречека новите гости и изведувачи, кои од рано утрово пристигнуваат.

Вечерва, програмата почнува во 19 часот, со настапот на Рок Блуз Бенд, потоа следуваат Игор Џамбазов и Гуру Харе, Ареа, Дивље Јагоде и Брас Брадрс, а на алтернативната сцена настапуваат Dj Anna Noodle и Dj Lili Diva.

Само за време на првата фестивалска вечер Прилеп го посетија повеќе од 30.000 посетители.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.