Над 250 пати со велосипед на Плетвар: Прилепчанецот Александар Рунески го совладува планинскиот превој како на шега

Александар Рунески од Прилеп е еден од многумината рекреативци велосипедисти, чиј број во последно време е се поголем во градот.

Рунески секое слободно време го поминува на педали и активно вози велосипед изминатите години.

Денеска тој ни пренесе дека успеал по 253 пат да го совлада со велосипед планинскиот превој Плетвар, што веројатно е рекорд кој ретко кој ќе може да го сруши.

Инаку превојот Плетвар на регионалниот пат Прилеп-Градско е на висина од 998 метри надморска височина и има стрмна угорнина за која навистина треба напор и пот да се совлада толку многу пати.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.