Борење: Традиционалниот турнир е на 10 август
-Домаќинот БК “7 Мај Леов” ќе додели 10 пехари
Претстои најголемиот борeчки настан, традиционалниот турнир во слободен стил ,,Љупче Црвенкоски,, во чест на прерано починатиот борач и судија. Денот е 10 август, а местото е сала на СОУ ,,Ристе Ристески – Ричко,,.
Клубот БК “7 Мај Леов” е пред сериозна задача за организација, со оглед на пријавените клубови и учесници. Најавени се натпреварувачи од осум држави, Хрватска, Б и Х, Србија, Унгарија, Албанија, Косово, Бугарија и Македонија. Безмалку цел Балкан. Домаќинот им обезбеди сместување, бидејќи странците доаѓаат ден порано.
Планирани се борби во женска и машка конкуренција, во 4 возрасни и 25 тежински категории. Станува збор за мошне млади спортисти: највозрасните родени 2008, најмалите 2011 година.
Фаворити се сметаат тие од Бугарија, Албанија, Хрватска, а од прилепчаните ќе се претстават Стефан Стојаноски, Барбара Стојкоска, Христина Велеска, Ива Вандеска и Викторија Стојаноска. За најдобрите ќе има дипломи, медали и 10 пехари.