Над 1700 учесници од 15 држави денеска трчаа во Битола на седмото издание на “Трчај бе” (Фото галерија)

Битола утринава пулсираше во ритамот на трчањето, музиката и забавата. Локацијата кај Саат кулата, беше стартната точка на трите трки кои се одржаа во рамките на 7-мото издание на „Трчај бе“.

Над 1700 учесници од 15 држави, се натпреваруваа во 3 категории: 5.000 метри, 10.000 метри и полумаратон во должина од 21.000 метри. Трките се одржаа согласно правилата на Меѓународното здружение на атлетски сојузи и Атлетската федерација на Македонија, а полумаратонското државно првенство под покровителство на Атлетската Федерација на Македонија.

По завршувањето на сите три трки, беа доделени награди за најдобрите. Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, ги додели наградите за најдобрите во полумаратонските трки во машка и во женска конкуренција и им посака на победниците и натаму да го негуваат спортскиот дух и да освојуваат уште повеќе награди.

„Трчај бе“, во изминатите 7 години, прерасна во манифестација која освен трчањето, го спои заедништвото низ многу генерации љубители на спортот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.