Навики со кои си го нарушувате здравјето

woman-brushing-her-teeth_fkoqx9-681x383

Го прескокнувате појадокот

Кога ќе се разбудите, обично поминале 10 до 12 часа од последниот оброк. На Вашето тело му е потребна енергија, за денот којшто Ви претстои. Доколку го прескокнете појадокот, започнувате да се прегладнувате, што води кон неминовно прејадување за време на ручекот или вечерата.

Ретко ја менувате четката за заби

Најголемиот дел од луѓето ја менуваат четката за заби дури откако сите влакна ќе се наведнат или барем дел од нив ќе отпаднат од четката. Ова значително може да им наштети на забите и на непцата. Максималниот период на користење на една четка за заби е три месеци.

Често носите високи потпетици

Пред следниот пат да ги облечете високите потпетици, треба да знаете дека тие во голема мера му наштетуваат на Вашиот грб. Иако не мора да се откажете од нив, гледајте да ги носите колку што можете поретко, т.е. избегнувајте ги кога треба да стоите долго време или пак да се движите повеќе време.

Спиете на претерано мек душек

Иако спиењето на мек душек Ви се чини како нешто излезено од бајките, во реалноста, тоа е вистински кошмар. Доколку душекот на којшто спиете не Ви обезбедува правилна потпора за грбот, со текот на времето ќе Ви се појават сериозни болки, несоница, вкочанување итн.

Избегнувате физичка активност

Ова веројатно е една од оние навики со кои најголем дел од луѓето свесно си го нарушуваат здравјето. Сите знаат дека треба да вежбаат, но ретко кој започнува да го прави тоа. Не чекајте да настане некој здравствен проблем за да започнете со вежбање. Направете го тоа превентивно. Од друга страна, не морате да станете маратонец, за да бидете во добра форма – два до три пати неделно вежбање (па дури и само пешачење од половина час), може да биде доволно значително да Ви го подобри здравјето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.