Полјаците, кои ќе бидат први противници на Македонија на овој турнир, се решија за популарни цени, па така билетите ќе бидат во износ од 14 до 24 евра дневно. Организаторите нудат и пакет-билети, што би значело плаќање на вкупно 35 евра (најевтините), 50 евра (средна категорија) и 60 евра (најскапите билети).
Купувањето на билети може да се врши преку следната веб-страница. Натпреварите од предолимпискиот турнир ќе се играат во „Ерго Арена”, која за ова натпреварување ќе има капацитет од 10.500 места (вкупниот капацитет при изградбата изнесуваше 11.409 седишта).
Македонија на првиот натпревар на 7 април ќе се сретне со Полска, следниот ден ќе ги одмери силите со Тунис, а за 9 април е закажан мечот со селекцијата на Чиле.