Навивачката група “Мајмуни” од Прилеп повика на собир зад камената бина денеска во Прилеп, со цел да оддадат последна почит кон навивачот на Вардар, Никола Саздовски – Саздо, кој вчера ја загуби битката со животот.
“Во 18:00 зад камената бина, да оддадеме последна почит на Никола Саздовски. Да запалиме свеќа во парастасот на Св. Никола и симболично да се простиме од навивачот кој прерано го загуби својот живот. Правда за навивачите мора да има” – порачаа од навивачката група “Мајмуни”.