Навивачите на германски Шалке со транспарент на македонска кирилица, му оддадоја почит на починатиот фан на ФК Вардар Сашо Микиќ – Штракало.
На натпреварот кој се одигра вчера против Волфсбург, ултрасите на Шалке развиорија транспарент со кој ја покажаја солидарноста и пријателската врска која ја имаат со Вардар и македонските навивачи.
Пораката на знамето гласеше: ,, Почивај во мир Штракало, Ултрасите живеат вечно” .
Aлександар Георгиоски