Навивачката група на клубот од Гелзенкирхен УГЕ е збратимена со навивачката група “Комити“ и повеќе од десет години имаат одлични – братски односи. Тие не ги кријат симпатиите кон Вардар, Скопје и Македонија а за тоа сведочи инцидентот со тамошната полиција која сакаше да отстрани македонско знаме од нивната трибина но на крајот мораше да се повлече.
Ултрасите на германскиот фудбалски клуб “Шалке04” познати како #УГЕ# организирале акција за собирање на облека, постелнина, храна и други корисни предмети за погодените во катастрофалната поплава во Скопје. Во акцијата која траела неколку дена било собрано доволно помош која е распоредена во 400 пакети кои се веќе на пат кон Скопје. Транспортот го плаќаат самите тие, пишува Вечер.
Навивачите на “Шалке04“ и навивачите на “Вардар“ – “Комити“ имаат одлични односи и се т.н. збратимени групи што занчи дека си помагаат на секој можен начин, како на стадионите така и вон нив. Оваа блискост датира пред повеќе од десетина години.
Во овој период “Комити“ десетина пати беа во Германија кадешто стои рамо до рамо со нив во дерби натпреварите и пресметките со најголемиот ривал “Борусија Дортмунд“, а и германските ултраси ја користат секоја прилика да дојдат во Скопје и да поминат барем неколку дена.
Братските односи ги потенцираат и германските ултраси кои преку кусо соопштение во јавноста ја објаснија својата постапка и порачаа дека се заедно до “Комити“ и во добро и во зло.
На почетокот на август градот Скопје беше погоден од силно невреме во кое над 20 лица го загубија животот. Во поплавените подрачја ситуацијата беше катастрофална а инфраструктурата уништена. Нашите браќа “Комити“ веднаш излегоа на терен и се вклучија во расчистување на наносите. Тие со свои пари секој ден купуваа храна и вода за настраданите и со денови помагаа на погодените. Како поддршка на нашите пријатели и на луѓето погодени во Скопје, во соработка на “Шалке“, испративме 400 кутии со хуманитарна помош. Станува збор за облека, постелнина и други неопходни материјали за погодените. Се надеваме дека со оваа помош ќе допринесеме колку толку животот да се врати во нормала и ќе им помогнеме на нашите браќа “Комити“. Заедно и во најлошото – Гелзенкирхен Скопје, стои во официјалното соопштение на групата.
Доказ за братскиот однос меѓу германските и скопските навивачи е тешкиот инцидент кој се случи во август 2013 година за време на бараж натпреварот меѓу ” Шалке04“ и грчкиот “ПАОК“.