НА ХРВАТСКА И СЕ ЗАКАНУВА КАЗНА: ФИФА покрена постапка против хрватската репрезентација – ова е причината !

Дисциплинската комисија на ФИФА покрена постапка против Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) поради неколку инциденти на навивачите за време на утакмицата Хрватска и Аргентина.

“Не можеме да го коментираме овој лучај, но можиме да потврдиме дека стигна пријава”, изјави портпаролот на ХНС, Томислав Пачак.

ФИФА покрена постапка и против Аргентина поради однесувањето на навивачите. Отворена е истрага против швајцарските репрезентативци Џака и Шаќири поради прославата на погодокот во победата против Србија 2-1.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.