На Урал ќе се гради најголемиот православен храм во светот: Ќе биде поголем дури и од Св. Софија во Истанбул

Oгромниот Соборен храм ќе може да прими околу 37.000 луѓе и ќе биде изграден на територијата на Средноуралскиот женски манастир, соопштија од невладината организација “Руски народен фронт”.

“Тоа ќе биде најголемиот православен храм во светот”, изјавила Рјабацева Жана од невладината организација, нагласувајќи дека храмот ќе биде висок 77 метри, додека во него ќе има 12 престоли. Така новиот храм ќе биде за 22 метри повисок од Аја Софија во Истанбул, која е висока 55 метри.

“Инвеститори на храмот ќе има од целиот свет”, додала Рјабацева.

Од организацијата велат дека Средноуралскиот женски манастир не може да ги прими сите верници, чиј број се зголемува, поради што пред 2,5 години настанала идејата да се направи Соборниот храм Премудрост Божја. Веќе е направен проектот и решено е земјишното прашање.

Таа додава дека оваа година ќе биде поставен камен темелникот за овој најголем во светот Соборен храм.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.