На 04.03.2023 во 18.10 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода И.М.(30) од Кичево. Тој бил осуден на казна затвор од 13 години, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување седум години и еден месец од казната.
Исто така, тој се сомничи дека околу 12.00 часот на ул.„Маркс и Енгелс“ физички ја нападнал Л.С.(69) од Битола и ѝ одзел накит.
Лицето ќе биде спроведено во установата за доиздржување на казната, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.