Кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски за „Јутарњи лист“, вели дека е „исклучително важно идниот претседател на „Северна„ Македонија да ги добие гласовите на Албанците затоа што нашата земја е мултиетничка и мултиконфесионална и оттаму баланс во односите меѓу нациите и религиите се клучни за стабилноста“.
Пендаровски потсетува на потпишаните договори со Бугарија и Грција и вели дека доколку стане претседател ќе развие добри односи со сите соседи.
„Тоа е од големо значење, прво поради големата албанска заедница која живее во нашата земја и која има бројни врски со Косово и со Албанија, како и поради регионалната соработка, што е предуслов за европска интеграција, а од нашите други три соседи, Бугарија и Грција се членки на ЕУ а Србија е на пат “, вели Пендаровски, додавајќи дека заклучокот на минатогодишниот самит на ЕУ и Западен Балкан во Софија е дека ЕУ во јуни ќе одреди датум за почеток на преговори со Северна Македонија.
„Сè уште сме далеку од полноправно членство во ЕУ. Тоа ќе биде за нас голема дипломатски предизвик со офанзивно темпо да се спроведат реформите и да успееме да ги стигнеме Србија и Црна Гора на кои како приближен рок им е дадена 2025 година“, вели Пендаровски, за Јутарњи лист, пренесува Магазин.мк.
Целата статија можете да ја прочитате ТУКА.