На прагот на црквата оставено бебе родено пред неколку часа

На прагот на црквата Свети Аргангел Гаврил во центарот на Чајетина, Србија, најдено е живо и здраво бебе родено пред неколку часа.

Свештеникот на црквата ја известил полицијата, а веднаш пристигнала и екипа на Брза помош. Бебето е згрижено и префрлено во одделението на Неонатологија во општата болница. Станува збор за момче тешко 3 килограми.

На безбедносните камери е забележано како во 5:30 часот застанал автомобил, а потоа забрзано заминал.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.