Викендот кој претходеше, од 13 до 15 мај, беше доста поразличен и продуктивен за некои млади крушевчани. Имено, младите од Крушево, како учесници на едукативната работилница во рамките на проектот “ENTER Social Entrepreneurship” имаа можност за прв пат да слушнат за концептот наречен социјално претприемништво. Крушевчани беа воодушевени од овој иновативен концепт за решавање на проблемот со младинска невработеност во Крушево!
Се дискутираше за различни општествени проблеми во овој град и за можностите за нивно решавање преку можностите на социјално претприемништво. Исто така беа иницирани социјални бизнис идеи кои подоцна се развиваа во бизнис планови за на крај да бидат презентирани пред професионална комисија која во следните фази од проектот ќе ги оценува!
Овој проект, ENTER Social Entrepreneurship е организиран од Младинскиот Сојуз- Крушево и е поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, во партнерство со Yunus & Youth. Следните две едукативни работилници ќе бидат одржани во Битола и Прилеп.