Во наредните денови, заклучно со сабота, во Македонија се очекува температура на воздухот која ќе биде над просекот за овој дел од годината.
Според Метеопро максималната температура во поголем дел од земјава, ќе има вредности кои ќе бидат во границите од 30°С до 36°С. Најтопол, од оваа „серија“ на денови, ќе биде петок. Во сабота се очекува мал пад на температурата, но и покрај истиот, температурата станува со максимална вредност генерално над 30°С, а во југоисточниот крај околу 34°С.
Според Метеопро нова промена на времето ни доаѓа во недела, во текот на вечерта кон понеделник. Ќе има пад на температурата за околу 8 до 10 степени во понеделник, со што максималната нема да надминува 25 степени. Во недела попладне и во текот на вечерта се очекува продор и на влажна вoздушна маса која ќе донесе нови врнежи од дожд.