Далечниот Плутон го изгуби статусот на планета пред 11 години, но како што стојат работите, изгледа научниците го потцениле…
Леталото ” New Horizons” поминало покрај Плутон минатата години и забележало неверојатна количина на информации за составот на планетата, ледените планини кои ги формирал непознат геолошки процес, органски материи на површината и течен океан под површината.
Но она што посебно ги зачудило научниците кои работат на истражувањето е тоа што сите овие докази сугерираат дека на Плутон постои живот.
Еден од главните научници и истражувачи на проектот Михаел Сумерс изјави:
” Врската со т.н. астро-биологија е јасна – тоа се многу цврсти докази. Гледате органски материјали, вода и енергија, а тоа е се што ви е потребно за создавање на живот”.
Ф.Г.