На месец и пол пред рокот – 98 насто од тутунот откупен по рекордни цени!

Откупени се 20 800 тони, што е 98 насто од целиот род. Квалитетот беше добар, се бараше тутунот и експресно се купуваше. Вакво нешто не паметиме – вели Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.

Овогодинешната реколта тутун е речиси откупена, а до крајниот законски рок има уште месец и половина. Досега се преземени 98 насто од ланскиот род по просечна цена од 288,1 денари, велат од Сојузот на земјоделските здруженија, нагласувајќи дека ваков брз откуп и побарувачка од 10 откупни компании не се памети.

Откупувачите не смеат да ги затворат вратите, зашто законскиот рок за откуп е до крајот на февруари и ќе се преземе она мало количество што останало, а се проценува најмногу на 100 тони, ако не и помалку.

Од Сојузот сметаат дека веќе полека се насочува вниманието на новата реколта за која договорите ќе почне да се споменуваат ведаш по откупот. Апелираат до откупните претпријатија да седнат заедно да се разговара за повисоки цени кои треба да го направат исплатливо производството и да се задржи на нивите.

– Откупени се 20 800 тони, што е 98 насто од целиот род. Квалитетот беше добар, се бараше тутунот и експресно се купуваше. Вакво нешто не паметиме. Со време укажавме дека нема многу род, ниту приближно колку што планираа откупувачите на околу 26 000 тони. Цената е солидна иако целосно не ги одразува зголемените трошоци за производство – вели Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.

Од Сојузот сметаат дека веќе полека се насочува вниманието на новата реколта за која договорите ќе почне да се споменуваат ведаш по откупот. Апелираат до откупните претпријатија да седнат заедно да се разговара за повисоки цени кои треба да го направат исплатливо производството и да се задржи на нивите.

Злате Данески, претседател на прилепското тутунско здружение „Мице Козар” објасува дека тутунот ќе го има на нивите, но прашање е во колкави количества и на колкави површини.

-Тутунот мора да се произведува. Што друго да правиме во селските средини, ако не работиме и произведуваме.Тоа е традиционална култура, главна во овој Прилепско-Пелагонски регион. Затоа исплатливоста за производство е клучн -, вели Данески.

Од државниот земјоделски инспекторат потврдуваат дека ова беше одлична година за реколтата и одлично платена.
-Откупот поминува без никакви проблеми, ниту оспорувања. Се постигна одлична цена од 288,1 денари, а тоа ќе донесе и повисоки субвенции. Реколтата ќе биде околу 21 000 тони. Откупувачите ќе имаат отворени пунктови до крајот на законскиот рок за откуп, крајот на февруари – потврдува Јане Станкоски, директор на државниот земјоделски инспекторат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.