За сите оние кои планираат да стапат во брак февруари е значаен месец. Февруари како месец е краток, колеблив и неодлучен и уште познат како „воден“ месец.
Во овој месец се уште е студено, па така се уште никој не ја напушта куќата и исто така нема работа на нивите.
За оној кој е роден во месец февруари треба да знае дека се ќе му оди од рака. Ќе има многу голем напредок. Човекот роден во овој месец треба да знае дека ова е неговиот најсреќен месец во годината.
Луѓето родени во февруари се посебни. Сакаат да ги поместуваат границите. Големи иноватори се и не е ни чудо што многу научници се родени во овој месец. За успех во животот, потребно е да имате силна волја и голема упорност. А, токму децата родени во февруари ја имаат од самото раѓање. Тие се големи хуманитарци, се борат за правата на обесправените и никогаш не се скржави.
Народни верувања за февруари:
-Старите луѓе велат доколку во февруари е топло времето тоа нема да донесе ништо добор, па затоа се вели дека е подобро да се види гладен волк во шумата отколку човек во лесна кошула на нивата.
– Доколку видите мачка како се сонча на февруарско сонце, таа ќе биде заточена во студените пештери во март.
– Доколку врне дожд на Свети Трифун, сливата ќе процвета богато таа година.
Извор: “Република.мк”