Физиотерапевтот Жикица Петрески минатата година потсети на еден многу значаен датум во историјата на Прилеп, а тоа е повторното поставување на крстот на врвот од Саат кулата.
Како датум за враќање на светиот крст бил избран денешниот празник Крстовден, а настанот се случил пред 30 години благодарение на донацијата на Петрески и повеќе фирми и граѓани до тогашното Собрание на општина Прилеп.