На Крстовден во прилепско Чумово: Управата на манастирот во изградба ги кани сите верници во петок

Во прилепското село Чумово во тек е изградба на манастир кој ќе го носи името на Св. Василиј Острошки. Управата прави надчовечки напори и успева да ја турка оваа убава идеја, а се со цел на прилепчани да им подари уште едно свето место во убава природа.

На 27.09. (петок), ден кога православните христијани го слават празникот Крстовден, управата на овој манастир во изградба ги поканува верниците, да присуствуваат на света служба, што ќе се одржи во 10:30часот.

Посетете го и помогнете ја изградбата на овој нов свет храм.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.