Фотографиите се од планинскиот превој Ѓавато, некогашното култно место кога се патува преку Битола за Преспа или Охрид.
На 30.05. годинава, на Ѓавато имаше голема еко акција, на иницијатива на ДПД АРХАНГЕЛ Битола, кои со поддршка од ЈУ Национален парк Пелистер, ЈКП Комуналец, Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта Македонија Пат Р. Е Битола, МИГ ТРАВЕЛ, СН СЕРВИСЕ, ПСК „7-ми МАЈ“ Битола, и останати граѓани и организации, собраа 5 тони отпад и 4 камиони гранки.
Акцијата беше повеќе од успешна, но за жал местото кое претставува позната точка за одмор на сите граѓани, кои поминувајки по патот Битола-Ресен не го одминале, а да не земат почивка, беше чисто кратко време.
Повеќе за акцијата ТУКА
Поставени се натписи на кои пишува “Ве молиме не фрлајте ѓубре”, а наоколу повторно има цели приколици најразличен отпад.
Толку ли е тешко отпадоците од храната да се стават во ќеса и да се понесат со себе во автомобилот?