На Заев и Шекеринска не им се допаднаа скечевите за СДСМ, па ја напуштија Златна Буба Мара на популарноста

zaev-sekerinska-spasovski

Лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, и неговата партиска колешка Радмила Шекеринска, вчеравечер, си заминаа од шоуто Златна Буба Мара на популарноста, додека водителот Сашко Коцев на бината кажуваше скечеви за нивната партија.

Додека во скечевите актерот Коцев го исмеваше случајот со корупцискиот скандал на Заев и Специјалната јавна обвинителка, лидерот на СДСМ стана од своето место во централниот партер и ја напушти скопската Метрополис арена. Многу кусо време по него, си заимна и Радмила Шекеринска, која инаку на манифестацијата дојде со својот сопруг, Божидар Јанковски. И двајцата излегоа од салата минувајќи пред бината.

До крајот на шоуто останаа присутни другите членови на највисокото раководство на партијата – Оливер Спасовски, Фросина Ременски, Весна Бендевска, Рената Десковска и Дамјан Манчевски.

Извор: Нетпрес




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.